Летниот преоден рок го донесе следното засилување на нашиот тим со комплетирање на анкажманот на крилниот напаѓач Кире Маркоски кој денес потпиша договор за една година и го облече бело-синиот дрес на ФК Шкупи.
„Како прво, сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на многуте разговори што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и на европската сцена беа причините зошто решив да потпишам за ФК Шкупи. Како прво, верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до Плеј-офот во Конференцијата и да ги исполниме целите на клубот. Среќен сум за враќањето на навивачите на трибините, познавајќи ги нашите навивачи, Шверцерите од претходните средби, верувам дека тие ќе бидат нашиот дванаесетти играч и им ветувам дека ќе го дадам максимумот и дека заедно ќе се радуваме во големи успеси, изјави Маркоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркоски има богата фудбалска кариера, започнувајќи го својот професионален ангажман како дел од тимот на Работнички во домашното првенство, а подоцна кариерата ја продолжува во АЕЛ Лимасол од Кипар, како и тимот на Трнава.
Маркоски сезоната 2020/2021 ја помина во тимот на Академија Пандев, каде имаше 11 настапи и постигнати два гола.