Дома Трансфер зона Кинезите ја сакаат и ѕвездата на Интер

Кинезите ја сакаат и ѕвездата на Интер

На адреса на Интер пристигна понуда од 50 милиони евра за хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Сеуште не е познато името на кинескиот клуб, но менаџерот на Брозовиќ потврди дека доколку Интер ја прифати понудата играчот е отворен да разговара со кинексиот клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хрватот неодамна го продолжи договорот со „нероаѕурите“ до 2021 година, па сега останува да видиме дали ќе ја прифати оваа понуда.

Медиумите тврдат дека големи се шансите Интер да ја прифати понудата поради Финансискиот фер-плеј и фактот што многу ќе заработи на играч кој е доведен за само 7,5 милиони евра.

Брозовиќ во првиот дел од сезоната беше надвор од тимот, но со доаѓањето на Пиоли доби важна улога во средниот ред и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…