Дома Фудбал Англија Кикс на Манчестер Јунајтед: Пропушти победа, Златан промаши пенал (видео)

Кикс на Манчестер Јунајтед: Пропушти победа, Златан промаши пенал (видео)

Нерешено 1:1 заврши средбата меѓу Манчестер Јунајтед и Борнмут на отворањето на 27.коло од Англиското фудбалско првенство.

Јунајтед не успеа да го совлада аутсајдерот иако цело второ полувреме го играше со фудбалер повеќе, а Златан Ибрахимовиќ не реализира пенал во 72.минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Голот за домаќините го постигна Маркос Рохо во 23.минута, а конечните 1:1 ги постави Џошуа Кинг во 40.минута.

Резултатите од другите денешни дуели се:
Лестер – Хал 3:1
Стоук – Мидлзброу 2:0
Свонси – Барнли 3:2
Ватфорд – Саутемптон 3:4
ВБА – Кристал Палас 0:2
Ливерпул – Арсенал 3:1

Неделната програма ја сочинуваат:
Тотенхем – Евертон и
Сандерленд – Манчестер Сити.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Вест Хем – Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…