Дома Фудбал Италија Киелини: Дибала може да стане легенда на Јувентус

Киелини: Дибала може да стане легенда на Јувентус

Пауло Дибала има потенцијал да стане легенда на Јувентус, тврди капитенот на „старата дама“ Џорџо Киелини.

Дибала ова лето беше блиску до разделба со Јувентус, но ги одби сите понуди и остана во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од почетокот на сезоната игра фантастично, а на последниот меч во Лигата на шампиони му донесе победа на Јувентус со два гола.

„Пауло е златно момче, кое продолжува да расте. Многумина ја опеделија минатата сезона како слаба за Дибала, но тоа зависи од која гледна точка гледате. Кога Дибала игра како централен напаѓач постигнува по 20 гола, а кога игра поназад дава помалку голови и нема ништо страшно во тоа“, смета Киелини.

„Тој е основна фигура на овој тим. Нема да се изненадам ако Дибала прерасне во легенда на Јувентус како Трезеге, Недвед, Буфон…“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…