Дома Трансфер зона Киеза се сели во Премиер лигата

Киеза се сели во Премиер лигата

Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза на лето би можел да го напушти Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Киеза има договор до 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а нема најави за негово продолжување.

Киеза бара значително зголемување на платата за да потпише нов договор, а челниците на Јувентус немаат намера да му ја зголемат сегашната плата на фудбалерот кој пропушти повеќе од половина од натпреварите на тимот во последните две сезони.

Поради тоа Јувентус е спремен да го продаде на лето за да заработи на неговото заминување, а интересот за Киеза е голем.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Њукасл ќе ја водат главната битка за неговиот потпис, а Јувентус за слободата бара 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…