Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн после натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид изјави дека има огромен респект за Кристиано Роналдо кој е и негов идол.
Хари Кејн игра во фантастична форма. На 11 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем постигна исто толку погодоци, а ја одведе и Англија на Светското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Против Реал Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите не постигна погодок (1:1), но беше најзаслужен што Рафаел Варан ја погоди сопствената мрежа. Англичанецот после натпреварот побара да го размени дресот со Кристиано Роналдо, а по натпреварот имаше и пофални зборови за Португалецот.
„Го замолив за дрес. Тој е мојот идол. Го гледав додека растев. Одлично е што го добив неговиот дрес“, изјави Кејн кој потоа зборуваше за настапот на неговиот клуб против „кралевите“.
„Во Мадрид имавме одлична вечер. Клубот, навивачите и ние можеме да бидеме горди. Одигравме нерешено, можевме и да победиме, сепак и ова е одличен резултат. Пред неколку години игравме во Лигата на Европа, а денес дојдовме на „Бернабеу“ и не загубивме“, заврши Кејн.