Дома Фудбал Англија Кејн: Останувам во Тотенхем, но ако почнеме да освојуваме трофеи

Кејн: Останувам во Тотенхем, но ако почнеме да освојуваме трофеи

Најдобриот англиски напаѓач порача дека нема ништо против тоа да остане уште долго во Тотенхем, но под еден услов.

Кејн го интересираат трофеите и сака да напредува, па челниците на Спарс можат да ја сфатат неговата изјава како прилично алармантна со обзир на тоа дека лондонскиот клуб не освоил ништо полни десет години.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Мојата цел е да почнеме да освојуваме трофеи и сакам тоа да се случи. Ако почнеме да освојуваме трофеи ќе бидам среќен овде. Секогаш зборувам дека треба да напредуваме и да бидеме се подобри.“- изјави Кејн, кој смета дека ФА купот е идеална прилика да се прекине постот:

„Некако мора да освоиме трофеј оваа сезона, а за мене ФА Купот е најдобра прилика за тоа. Тоа е натпреварување во кое ќе се обидеме да дојдеме до крајот.“

Тотенхем последниот трофеј го освои во сезоната 2007/08, кога триумфираше во Лига купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова шанса за Србинот: Јовиќ пред голем потпис

Лука Јовиќ нема да игра за Милан во вториот дел од сезоната. „Росонерите“ одлучија да го п…