Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн смета дека синоќешниот резултат во првиот натпревар од осминафиналето е одличен за неговата екипа.
Јуве поведе со 2:0 после само осум минути игра со головите на Гонзало Игуаин, но Тотенхем не се предаваше и на крајот стигна до нерешен резултат.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Кејн после натпреварот беше видно задоволен.
„Можевме да се предадеме. Игравме во гости во Лига на шампиони, но покажавме карактер. После два примени гола игравме одлично и сега одиме на Вембли со два гола во гости. Ова е одличен резултат. Требаше да постигнам погодок кога шутирав со глава, но на крајот сепак успеав да ја затресам мрежата.“ – изјави Кејн после натпреварот.
Да потсетиме, реванш натпреварот се игра на 7. март на Вембли.