Дома Фудбал Англија Кејн му постави ултиматум на Реал Мадрид: Дали е ова најава за сензационалец трансфер на „Бернабеу“?

Кејн му постави ултиматум на Реал Мадрид: Дали е ова најава за сензационалец трансфер на „Бернабеу“?

Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе игра против Тотенхем кој ќе биде предводен од фантастичниот Хари Кејн.

Овој 24-годишен напаѓач со својата игра во дресот на лондонскиот клуб ги воодушевува љубителите на најважната споредна работа на светот и сите се прашуваат кога ќе се одлучи да ја промени средината. Кејн и ова лето беше мета на бројни екипи, но очигледно се уште не е подготвен на голем исчекор во својата кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа, англиските медиуми се сигурни дека Кејн на крајот од оваа сезона ќе ги спакува куферите и ќе го напушти Тотенхем. Секако, многу европски великани би сакале да го видат во своите редови, но се чини дека најголем интерес засега покажа Реал Мадрид.

Како што пишува „The Sun“ ниту Кејн не би имал ништо против преминување во кралскиот клуб, но под еден услов. Како што се наведува, Кејн му порачал на Флорентино Перез дека ќе дојде на „Бернабеу“, но само ако Реал пред тоа го продаде Карим Бензема кој би бил негова најголема конкуренција.

Со оглед на тоа дека пред овој играч се најдобрите години, воопшто не би било изненадување Кралевите да се одлучат за таа опција и да го продадат Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тен Хаг заминува, Јунајтед има листа од тројца тренери

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат мед…