Баерн и Тотенхем усно се договориле за трансферот на Хари Кејн, но англискиот репрезентативец наводно се предомислил и не е сигурен дека сака да замине во Минхен.
Тотенхем упорно ги одбиваше понудите на Баерн, а кога конечно ја прифатија понудата од преку 100 милиони евра, Кејн се предомисли и сега веќе нема толку силна желба да го носи дресот на Баварците. Во Баерн не се откажуваат, сепак ќе се обидат да ја завршат работата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Околу 120 милиони евра со бонуси Баерн би платил за Кејн, што не е малку откако Англичанецот влезе во последната година од договорот со лондонскиот тим.
Дали трансферот има смисла од финансиска страна, мислењата се различни. Јасно е дека играчите од калибарот на Кејн се дефицитарни, а со тоа и попопуларни.
За легендата на англискиот фудбал Мајкл Овен, преселбата на Кејн во Баерн би била глупост од други аспекти.
Британецот го започнува својот твит со пофални зборови. “Знам дека Баерн е голем клуб и имам голема почит. Но, да сум на местото Кејн, би останал.
Не е достигнување да се освои трофеј таму. Би го разбрал Реал Мадрид или еден или два врвни клубови од Премиер лигата. Да се стане најдобар стрелец во Премиер лигата е поголемо достигнување, отколку да се освои титулата во лигата во земја каде што лигата е доминирана од еден тим“, рече Овен.
Актуелниот рекорд на голови во Премиер лигата го држи напаѓачот Алан Ширер. Поранешниот напаѓач постигна 260 гола за Блекбурн Роверс и Њукасл Јунајтед.
Кејн, моментално е на 213 гола. Нему му недостасуваат 47 гола што би можел да ги постигне во две добри години во Тотенхем.