Еден од најдобрите англиски напаѓачи во последните две сезони сигурно е Хари Кејн.
Кејн освен што е важен фудбалер за Покетино во Тотенхем, тој беше и еден од клучните фудбалери на репрезентацијата на Англија која се пласираше на Мундијалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн за Англија има учинок од 12 погодоци на 23 натпревари и со право може да се спореди со имиња какви што се Боби Чарлтон, Гери Линкер (по 18 погодоци на 23 натпревари) и Вејн Руни (9 на 23 натпревари).
Директно на својата репрезентација и донесе седум бодови со своите три гола. Две победи од по 1:0 над Словенија и Литванија во октомври и еден погодок за изедначување против Шкотска во јуни оваа година.
Два од трите погодоци Кејн ги постигна во судиското продолжение.
„Позитивни сме, но не се залетуваме премногу. Знаеме дека мораме уште многу да работме, но имаме добри пријателски натпревари до почетокот на Светското првенство. Неверојатно е чуството да биде кавалификувани. Тоа ќе биде мој прв Мундијал и навистина сум возбуден поради тоа. Не сум од оние кои би сакале избегнат некој тим. Ако сакате да освоите голем турнир како што е Светското првенство, тогаш морате да бидете спремни да победите секого’, изјави Кејн.
Ждрепката за Светското првенство на која ќе бидат одредени групите е закажана за во петок.