Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.
Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 25 милиони евра.
Италијанските клубови го сакаат Кеси само на позајмица, а Барселона е спремна да ја прифати понудата на Тотенхем.