Дома Македонски спорт Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон

Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон

Виктор Киплагат од Кенија е победник на овогодинешното издание на Скопскиот маратон, во женска конкуренција најбрза беше неговата сонародничка Рут Матебо. Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски заврши како трет.

Втор до целта стигна неговиот сонародник Чериот Лабан со време од два часа, 16 минути и три секунди. Трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со резултат од два часа, 19 минути и осум секунди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време од два часа, осум минути и 48 секунди.

Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женската и Бен Фелтон од Велика Британија во машката конкуренција. 

На годинашното деветнаесетто издание на Скопскиот маратон учествуваа над 11 илјади учесници од 53 држави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…