Дома Фудбал Останато Кемпес: За Аргентина подобро е Меси да не се врати во Барселона

Кемпес: За Аргентина подобро е Меси да не се врати во Барселона

Лионел Меси во финишот на оваа сезона е пред важна одлука. Договорот со Пари Сен Жермен му истекува на крајот од сезоната и се погласно се зборува за негово враќање во Барселона.

Меси мораше да ја напушти Барселона поради финансиската ситуација, а сега Каталонците прават напори да овозможат тој да се врати. Сега интересна изјава на оваа тема даде легендарниот Марио Кемпес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Легендарниот Аргентинец смета дека за Аргентина не е добро Меси да се врати во Барселона.

„За Меси не е здраво да се врати во Барселона, подобро е за него во Франција каде што мирно би го дочекал Светското првенство. Целите во Барселона се поинакви, тие се уште се градат по неговото заминување. Постојат премногу проблеми, можеби звучи себично, но за Аргентина е подобро во ПСЖ“, изјави Кемпес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се „тресе“ Европа од зделката што се наѕира: Тоа би била една од најголемите зделки досега!

Реал Мадрид планира во летниот преоден рок да го зајакне средниот ред, а прв избор им е фу…