Поранешниот фудбалер на Рома, Кевин Стротман е пред враќање во Серија А.
Стротман во Џенова ќе биде замената за Ласе Шоне. Во Џенова тој пристигнува од редовите на Марсеј. „Скај Италија“ пренесува дека Марсеј ќе продолжи да исплаќа половина од платата на Стротман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека трансферот е блиску до реализација потврди и првиот човек на Џенова, Енрико Прециози.
Стротман е фудбалер кој во кариерата имаше голем проблеми со повредите и на два пати имаше долги паузи, па можеби и тоа е причината поради која не направи поголема кариера. За репрезентацијата на Холандија успеа да собере 46 настапи.