Манчестер Јунајтед се наоѓа на второто место на табелата веднаш зад градскиот ривал Сити со заостанување од два бода. Меѓутоа, навивачите на Јунајутед и Мурињо би требало да ги загрижуваат други работи.
Иако во првите осум првенствени натпревари освоија 20 бодови од можни 24, избраниците на Жозе Мурињо имаат навистина сериозен проблем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Јунајтед во измината година одигра шест натпревари на гостински терен против најдобрите пет тимови во Премиер лигата и има катастрофален учинок, не знае за победа на ниту еден од тие натпревари.
Ремизираа против градскиот ривал Сити, два пати на „Енфилд“ против Ливерпул, а загубија против Арсенал, Тотенхем и Челзи со очајна гол разлика 1:8.