Тимот на Јувентус денес во рамките од 13 коло во италијанската Серија А го запиша вториот пораз во сезоната и тоа со 3:2 против Сампдорија.
Во овој натпревар за Јувентус не настапија Џанлуиџи Буфон и Андреа Брзаљи и како што пренесуваат италијанските медиуми, причината не бил натпреварот кој Јувентус во среда го игра против Барселона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според медумите во Италија, Буфон и Брзаљи побарале од тренерот Алегри да бидат изоставени за овој натпревар поради тоа што не биле во состојба да настапат по катастрофата која и се случи на Италија во баражот за Светското првенство против Шведска.
Италијаните не се квалификуваа на Светското првенство, а Буфон и Брзаљи тоа толку многу ги погодило што не можеле да истрчаат на теренот.
Треба да потсетиме и дека натпреварот против Шведска беше последен настап за репрезентацијата и за Буфон и за Брзаљи.