Реал Мадрид вчера запиша изненадувачки пораз на „Сантијаго Бернабеу“ од Џирона.
Џиорна ги победи „кралевите“ со пресврт. Реал Мадрид имаше водство во првото полувреме, но гостите во второто постигнаа два со што го свртија резултатот во своја корист.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој пораз дополнително го оддалечи Реал во борбата за титулата, а статистичарите забележаа еден катастрофален податок за Бразилецот Марсело.
Марсело беше стартер на овој натпревар и немаше позитивно издание. Вториот гол дојде на неговата страна поради лошото маркирање на Бразилецот.
Немаше да биде катастрофално за Марсело ако Реал изгубеше само во овој натпревар. Имено, Марсело бил стартер девет натпревари оваа сезина и во тие средби Реал има дури шест порази, два нерешени резултати и само една победа.
Ова се навистина катастрофални бројки за играчот кој до минатата сезона беше еден од клучните во тимот на Зидан. „Мадритските“ медиуми воопшто не го штедат и гласно тврдат дека Марсело ја игра најлошата сезона од кога е во клубот.
Ваквите бројки исто така се само потврда дека Солари е во право со форсирањето на Регулион кој во последно време стана прва опција за левата бековска позиција во Мадрид.
Ќе потсетиме, Бразилецот веќе подолго време се поврзува со заминување од „кралевите“, а како најсериозен кандидат за неговото доведување се наведува Јувентус, каде што минатото лето премина Кристиано Роналдо.