Дома Фудбал Касиљас даде предлог за подобрување на ВАР

Касиљас даде предлог за подобрување на ВАР

ВАР на фудбалот му донесе многу добри работи, но на моменти изгледа дека видео технологијатан е се користи баш на најдобар начин.

Се уште клубовите и фудбалерите имаат големи приговори за начинот на кои судиите го користат ВАР на натпревари. Многумина се согласни дека ситуацијата при офсајд не се најдобро решени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Свое мислење за ВАР даде и легендарниот голман Икер Касиљас кој се врати на тренинзите иако имаше проблеми со срцето пред неколку месеци. Голманот на Порто порача дека во ВАР собата не можат да бидат само луѓе кои немаат фудбалско искуство.

„Предлагам ВАР покрај судиите кои ги анализираат спорните ситуации да вклучат и некој поранешен фудбалер. Мислење на некој професионалец од овој спорт кој може да помогне во тешки одлуки кои знаат да предизвикаат многу критики“, напиша Икер на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…