Maртин Касерес и понатаму ќе игра фудбал во Италија.
Минатата сезона Касерес настапуваше за Лацио и Јувентус, а ова лето стана слободен играч и негова нова дестинација во кариерата ќе биде Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Уругваецот е на пат од Монтевидео кон Фиренца и во текот на денот се очекува негово пристигнување на Апенините.
Овој 32 годишен фудбалер ќе ги помине лекарските прегледи после што ќе потпише договор со „Виолетовите“.
Освен за Лацио и Јувентус, Касерес во Италија играше уште за Верона. Пред неколку години имаше неславна авантура во Саутемптон.
Во Европа пристигна уште во 2007 година кога потпиша за Виљареал, а во Шпанија го носеше дресот уште на Хуелва, Барселона и Севиља.