Јувентус синоќа доживеа пораз од Порто во Лигата на шампиони, па италијанската јавност упати критики кон „бјанконерите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголемите критики се упатени кон тренерот Пирло и кон првата ѕвезда Кристиано Роналдо.
Најжесток во критиките беше Антонио Касано, кој го нападна Роналдо како никој до сега.
„Секогаш зборував дека е неверојатен и дека постигна многу голови, за да стигне до идејата за фудбал на Андреа Пирло и да има проблеми. Постигнува голови, но се бори со неговата идеја за тоа каков треба да биде фудбалот. Роналдо е себичен, не го интересира тоа што другите постигнуваат голови“, вели Касано.