Жозе Мурињо е спремен на лето да направи реконструкција на средниот ред со оглед на фактот што Мајкл Карик заминува во пензија, а Фелаини сигурно го напушта „Олд Трафорд“.
Мурињо веќе направи список на потенцијални засилувања, а на врвот не ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Специјалниот“ смета дека Милинковиќ – Савиќ ќе биде идеален за неговиот стил на игра и ќе формира одлично трио заедно со Матиќ и Погба.
Меѓутоа конкуренцијата за Србинот е жестока бидејќи за него силен интерес покажуваат уште ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Поради тоа Мурињо има и резервни опции, а англиските медиуми ги открија сите имиња од списокот на „Специјалниот“.
Голема желба на Португалецот е Тони Крос за кого е спремен да плати 100 милиони евра, но тоа е тешка мисија бидејќи Реал Мадрид не сака да слушне за продажба на Германецот.
Вилијам од Челзи е стара желба на Мурињо, но и тој трансфер е тежок за реализација, бидејќи „сините“ не сакаат да се откажат од Бразилецот.
Пореални опции се Жоржињо од Наполи и Жан Мишел Сари од Ница кој е на радарот на многу европски гиганти.
Последно име на списокот е Виктор Ваниама, кој не добива голема минутажа во Тотенхем и е спремен да ја промени средината.