Дома Трансфер зона Караско се враќа во Европа – четири клуба заинтересирани за Белгиецот

Караско се враќа во Европа – четири клуба заинтересирани за Белгиецот

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Монако, Јаник Фереира Караско е решен да се врати во европскиот фудбал.

Тој пред околу една година на изненадување на многумина ги напушти редовите на Атлетико Мадрид и го засили Далијан Јифанг, заедно со Нико Гаитан. Заминувањето во Кина не му влијаеше со репрезентацијата на Белгија да се најде на Мундијалот во Русија, каде што го освои и третото место.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во јануари беше на радарот на Милан и Арсенал, а двата клуба и понатаму се заинтересирани да го доведат во своите редови. Покрај нив интерес за Караско покажуваат уште Интер и Манчестер Јунајтед.

„Мојата идеја е да се вратам во Европа. Во јануари имаше клубови кои беа заинтересирани за мене, но мојот клуб сакаше да ме задржи, се надевам на враќање во иднина“, изјави Караско.

Сепак, голем проблем за трансферот е големата плата која Караско ја заработува во Кина. Имено Белгиецот добива 10 милиони евра по сезона, а ниту еден од заинтересираните клубови не е спремен да му понуди толкава плата. Поради тоа, доколку сака да се врати во Европа, ќе мора да прифати намалување на платата.

Белгиецот во дресот на Атлетико, во кој во 2015 година пристигна од Монако, постигна 23 гола на 124 настапи, играше и финале во Лигата на Шампионите 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед блиску до првото засилување за Аморим

Раководството на Манчестер Јунајтед е во многу напредна фаза на преговори за левиот бек на…