Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.
Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува на крајот на сезоната, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моментов нема преговори со ПСЖ. Тиаго веќе има понуди од други клубови, но нема да потпишуваме ништо бидејќи за нас приоритет останува ПСЖ“, изјави агентот на Силва.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Тиаго Силва може да се врати во Милан.
„Фудбалот е многу динамичен. Приоритет ни е ПСЖ, но ако не ни предложат нов договор, наскоро ќе ги слушнеме и другите понуди“, додаде агентот.
Empresário de Thiago Silva diz que não foi procurado pelo PSG para renovação e não descarta saída https://t.co/tbRqSHN8aU pic.twitter.com/Y49K3J2YIW
— globoesportecom (@globoesportecom) January 29, 2020