Дома Фудбал Италија Капитенот на Парма во солзи: Дадов ветување и еве го исполнив! (Видео)

Капитенот на Парма во солзи: Дадов ветување и еве го исполнив! (Видео)

Aлесандро Лукарели, капитенот на Парма го исполни ветувањето!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Парма банкротираше во 2015 година, но изминатата вечера се врати во Серија А. За три години од Серија Д, преку Серија Ц и Б дојде во Серија А. Лукарели беше капитени кога клубот банкротираше, а и сега ја носи капитенската лента.

„Дадов ветување. Кажав дека ќе ја вратам Парма во Серија А и еве го исполнив. Ова е невозможно. Ниту во најлудите соништа не можев ова да си го замислам. Слушнавме од трибините дека е завршено во Фросиноне, а потоа започна лудило“.

„Ова е пат кој го започнавме пред три години. Имавме тешки моменти, но се држевме заедно и секогаш на крајот успевавме да останеме на нозе. Горд сум што капитен на овој тим. Не знам што понатаму, сакам прво да прославам“.

„Кога Фросиноне поведе со 2:1 бевме мртви, веќе размислувавме за плеј-оф натпреварите, а потоа забележавме дека на трибините почна да се слави. И блгодариме на Фоџа, тие се заслужни за ова“, изјави Лукарели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешам веднаш по натпреварот го најде виновникот за поразот од Шпанија

Дидје Дешам имаше интересен настап пред новинарите по синоќешниот пораз на Франција од Шпа…