Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на новиот тренер на Интер, Стефано Пиоли е капитенот на Лацио и аргентински репрезентативец, Лукас Биглиа.
Пиоли одлично ги познава квалитетите на Биглија и токму тој му ја додели капитенската лента во Лацио, па смета дека ќе биде големо засилување за средниот ред на „нероаѕурите“.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Аргентинецот има договор со Лацио до 2018 година и сеуште нема постигнато договор за продолжување на соработката, но „лацијалите“ нема лесно да се откажат од својот капитен.
Имено, претседателот Лотито бара најмалку 25 милиони евра за неговата слобода, а Интер има план како да ја плати таа сума.
Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ се спремни да го продадат Жефри Кондогбија, кој разочара на „Џузепе Меаца“ и на негово место да го донесат Биглија.