Лионел Меси освен што важи за еден од најдобрите, важи и за еден од најверните фудбалери во историјата.
Меси целата своја кариера ја минува и веројатно ќе ја помине во дресот на Барселона. Единствено, позната е неговата желба кога ќе биде во залезот на кариерата да одигра една сезона во родната Аргентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега Фабио Капело открива дека имал намера и дал отворена понуда до Барселона да го ангажира Меси на позајмица во Јувентус.
Пред 14 години во Шпанскиот фудбал важеше правилото за само три странци на теренот. Ова правило беше проблем за Меси во минатото. Оваа ситуација во 2005 година се обидел да ја искористи големиот италијански тренер Фабио Капело.
„Навистина, го прашав Рајкард да го добиеме Меси на позајмица во Јувентус. За време на трофејот „Гампер“ на изданието во 2005 година дојдов до Рајкард и му понудив да го доведеме Меси на позајмица со зборовите: Не може да игра кај вас затоа што веќе имате три странци. Зошто да не го испратите на позајмица од една година кај нас?“.
„На тоа Рајкард ми одговори: Таа ситуација ќе биде средена за три или четири месеци – не можам да го направам тоа“, откри Капело, а потоа зборуваше за она што сите го знаат, мајсторството и магијата на Меси.
„Знаев колку се добри моите дефанзивци, а видов како игра Меси и веднаш знаев дека тоа не е обичен играч“.