Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Капело за Нејмар: Тој е симулант! Лесно паѓа и се валка по теренот

Капело за Нејмар: Тој е симулант! Лесно паѓа и се валка по теренот

Бразил бледо започна на Мундијалот во Русија, ремизираше со Швајцарија, а во второто коло ја победи Костарика со 2:0, но и двата гола беа постигнати во финишот од натпреварот.

По првиот настап Нејмар доби огромен број на критики, а сега на стручњаците кои го критикуваат им се приклучи и легендарниот стратег, Фабио Капело.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кога мене ме прашувате, Нејмар е симлант! Лесно паѓа, се фрла на тревата, но не можам да кажам дека не е добар играч и вистински шампион“, процени италијанскиот стручњак.

Потоа Капело го спореди Нејмар со ѕвездата на Реал Мадрид и Португалија, Кристиано Роналдо.

„Во смисла на генијалност, подобар е од Кристиано Роналдо, но има помалку сила од Португалецот. А тоа што плачеше после натпреварот против Костарика е затоа што чуствуваше срам и одговорност за дебаклот на Бразил на претходниот Мундијал и сега смета дека тој е играчот кој треба да ги одведе „Кариоките“ до финалето“, изјави Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…