Светскиот шампион со Франција и играч на Челзи, Нголо Канте призна дека во летниот преоден рок добил понуда од Пари Сент Жермен.
Медиумите долго време шпекулираа дека ПСЖ е силно заинтересиран за Французинот и дека е спремен да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Канте призна дека имало интрес од страна на ПСЖ, но тој одлучил да остане на „Стенфорд Бриџ“.
„Немаше потреба да правам трансфер после Мундијалот. Имаше интерес од други тимови, но откако разговарав со Челзи, работите беа јасни. Клубот смета на мене и јас се чувствувам одлично овде“, изјави Канте.
„Следниот логичен чекор беше да го продолжам договорот со Челзи. Имаше контакти со ПСЖ. Но после разговорот со Челзи одлучив дека најдобро за мене е да останам овде“, додаде Французинот.
N'Golo Kante has admitted he had "contact" with #PSG over the summer #CFC https://t.co/VmdyhWfPtV
— Goal (@goal) September 15, 2018