Дома Топ вести Канте е главна трансфер цел на Реал Мадрид

Канте е главна трансфер цел на Реал Мадрид

Реал Мадрид следното лето може да донесе уште една голема ѕвезда на Челзи во своите редови, после трансферите на Тубо Куртоа и Еден Азар, пренесуваат англиските медиуми.

Англиски „Сан“ пишува дека Реал Мадрид наводно, се договорил со еден од најбараните фудбалери во светот, Нголо Канте.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал планираше уште летово да го ангажира Французинот, но трансферот не се реализираше најмногу поради фактот што Челзи имаше забрана за трансфери.

Реал Мадрид следното лето ќе се обиде да го доведе Французинот на „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека тоа нема да се случи за сума помала од 80 милиони евра.

За Французинот интерес има и од Јувентус, кој исто така е спремен да понуди 80 милиони евра, но „кралевите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…