Дома Топ вести Кандидатот за претседател на Барса: Разговараме со Јирген Клоп

Кандидатот за претседател на Барса: Разговараме со Јирген Клоп

Кандидатот за следен претседател на Барселона, Жорди Фаре изјави дека  на клубот му е потребен тренер како Јирген Клоп.

После разочарувачката сезона во која Барселона остана без трофеј и беше понижена во Лигата на шампиони се случија „тектонски“ промени во клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веднаш беше донесен нов тренер, Роналд Куман, а во март клубот ќе избира нов претседател, а главен фаворит е Жорди Фаре.

„Ако Куман работи добро, тој ќе остане на клупата доколку јас станам претседател“, изјави Фаре, а потоа потврди дека веќе разговараат со Клоп.

„Веќе разговаравме со него, и се чини дека на Барса и треба таков тренер. Ова е вонреден момент, и Куман е добро решение за реномето на Барселона. Поради неговиот карактер, мислам дека тој е она што му треба на тимот“, рече Фаре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија…