Италија со победата против Англија во финалето на „Вембли“ стана Европски шампион, а според бројките кои се собираат по завршувањето на турнирот се покажува дека италијанското Калчо и тоа како има квалитет.
Години наназад Серија А е далеку од најдобрите денови, од Интер пред 11 години оваа земја нема европски клупски шампион. Меѓутоа на ова Евро пресметано е дека најмногу фудбалери постигнале играчи кои играат во Серија А (37).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Евро 2020 паднаа вкупно 142 гола, 11 беа автоголови. Во процент играчите од Серија А постигнале 28.2%. Седум гола помалку имаат фудбалерите од Премиер лигата. Потоа Бундеслигата 28, па Ла Лига која има само девет стрелци, Лига 1 (Франција) седум, португалската три, по два имаат белгиската, холандската, руската, хрватската и англискиот Чемпионшип. По еден гол постигнаа фудбалери од турската, унгарската, шкотската, словачката, чешката, украинската и кинеската лига.
Треба да се спомене дека свој удел во головите за Серија А и Премиер лигата дадоа и македонските репрезентативци Горан Пандев и Езгјан Алиоски.