Дома Трансфер зона Калиниќ нема да се врати од Русија со репрезентацијата на Хрватска?

Калиниќ нема да се врати од Русија со репрезентацијата на Хрватска?

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ неодамна го објави списокот на играчи кои се во конкуренција да се најдат во авионот за Русија каде што се игра Светското првенство.

На списокот се најде и Никола Калиниќ кој зад себе и нема баш добра сезона. Калиниќ на „Сан Сиро“ пристигна како големо засилување од Фиорентина, но во својата прва сезона речиси не покажа ништо.


Многу се пишува за тоа дека Калиниќ ќе го напушти Милан иако помина само една година. Интерес за хрватскиот напаѓач веќе покажа Шалке, но според италијанските медиуми сериозно за него размислува и Локомотива од Москва.

Наводно, од Локомотива сакаат да го доведат Калиниќ и дека чекаат одговор од Милан. Рускиот тим за хрватскиот напаѓач е подготвен да плати околу 20 милиони евра, додека Росонерите сакаат пет милиони повеќе за да ги вратат парите вложени во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…