Eрлинг Халанд го воодушеви фудбалскиот свет кога на своето деби за Борусија Дортмунд влезе од клупата и постигна хет-трик.
Вечерва Борусија Дортмунд ќе игра против Келн и тренерот на гостинскиот тим Маркус Гидсол се соочува со тешко прашање: Како да го се запре норвешкото чудо?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме голем тимски автобус. Можеби ќе го паркираме пред нашиот гол или да паркираме три автобуси?“, се пошегува 50 годишниот стратег на Келн.
„Можеби можеме да го запреме, може не можеме…Но ќе направиме грешка ако вниманието го насочиме само на еден играч на Борусија Дортмунд. Тие се тим со повеќе добри играчи и невозможно е да ги победите ако се фокусирате само на еден играч“, изјави Гидсол.
Натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Келн се игра вечерва од 20:30 часот.