Пике во средата со Барселона се врати на „Олд Трафорд“ каде што настапуваше во еден дел од кариерата и таму сигурно се сретна со голем број познати лица.
Кога ја започнуваше кариерата Пике од Барселона премина во Манчестер Јунајтед, но потоа се врати во Каталонија во 2008 година и до денес се уште е член на овој тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сер Алекс Фергусон Пике го доведе во Јунајтед кога овој фудбалер имаше само 17 години. Пике времето поминато во Јунајтед нема да го заборави, таму собрал искуство кое му помогна во понатомшната кариера. Меѓутоа кога пристигнал во клубот играчите на Јунајтед кои тогаш веќе биле ѕвезди му приредиле една шега.
„Големата смисла за хумор е нешто кое најмнгоу ми недостасува денес од времето поминато во Мaнчестер. Таму беше навистина забавно, англискиот хумор е одличен. Многу пати и денес споделувам шеги од тоа време. Веќе стареам не сум како порано, во нашиот тим еден од главните задолжени за хуморот е Жорди Алба. Меѓутоа тоа не се споредува од времето во Манчестер“, порача Пике, а потоа откри што му се случило кога дошол во Јунајтед.
„Кога пристигнав во клубот, дојдов со маица која навистина ми се допаѓаше. Многу брзо излегов на теренот и следното нешто што го видов е дека таа маица која ми се допаѓаше беше облечена на куклата за тренинг. Тоа беше кукла за вжебање слободни удари. Се сеќавам дека многу врнеше, а останатите играчи ми се потсмеваа дека многу сум им помогнал и дека ми ја уништија маицата. Тогаш имав само 17 години и таа ситуација нема никогаш да ја заборавам“, откри Пике.