На светското првенство денес не очекуваат нови два натпревари од осминафиналето. Од 16:00 часот Франција ќе игра против Полска, додека во вечерниот термин од 20:00 часот Англија ќе се сретне со Сенегал.
Франција е фаворит со Полска која до последните моменти стравуваше за пласманот, додека Французите со стартните две победи си обезбедија место во осминафиналето, па во третото коло можеа да си дозволат пораз од Тунис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англија играше променливо во групната фаза, издоминираа против Иран, но во следните две кола и не беа така доминантни. Сенегалците веруваат дека и без Мане кој го нема од почетокот на СП можат да ги изненадат.
Слушнете што има да каже „ТЈ“ како најава за овие два дуели.