Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри (34) одлучи да ја заврши кариерата.
Офанзивецот кој во текот на богатата кариера настапуваше за големи клубови во европскиот фудбал, одлучи да се прости од фудбалот на 34 години. Насри не сакаше да се врати во Франција и да игра за друг клуб освен Марсеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во текот на кариерата знаеше да излегува и да се опушти, па и повеќе од одзволеното. Сега откри како Жорге Сампаоли го убедил да премине во Севиља.
„Со него бев повеќе пријател отколку што ми беше тренер. Ме сакаше толку многу што ми кажа: Дојди кај нас. Можеш да пиеш и да излегуваш, јас ќе те покривам. Само барам од тебе добро да играш за викендот“, откри Насри.
Поради Сампаоли Насри во претходниот период се поврзуваше со Марсеј, но на крајот Французинот се реши да оди во пензија.