„Вистинскиот“ Роналдо како што многумина сакаат да го наречат Бразилецот сигурно беше еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а ако немаше проблеми со коленото сигурно дека ќе направеше уште повеќе во кариерата во која и онака направи многу.
Роналдо е еден од ретките кои можат да се пофалат дека играле во и во Интер и во Милан, а на крајот останале омилени и на двете страни. Во Милан „Феноменот“ помина една сезона, сега Галијани раскажа една анегдота од поминатото време на Бразилецот во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Роналдо беше како Роналдињо, имаше самодоверба и не сакаше да ги анализира противниците. Се сеќавам дека еден ден пред неговиот втор натпревар за нас изеде две чинии со тестенини, а потоа со половина леб го собра сосот кој му остана. Не чекаше натпревар со Сиена, па јас и Анчелоти бевме зачудени. Му кажавме дека утре имаме натпревар и дека не треба да претерува со јадењето“.
„Тој само се сврте и ни одговори: Утре тој што ќе ме чува знае дека ќе го чува Роналдо и тој има проблем, не јас. Доје натпреварот, Роналдо беше одличен и постигна два гола“, раскажа Галијани.