Дома Трансфер зона Како Реал го „украде“ големиот талент пред носот на Барса и ПСЖ!?

Како Реал го „украде“ големиот талент пред носот на Барса и ПСЖ!?

Реал Мадрид ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот, но „кралевите“ се грижат за својата иднина и работат на доведување на млади таленти.

Тоа го покажа и случајот со Винисиус, а ова лето член на Реал Мадрид ќе стане уште еден млад Бразилец, Родриго Гоес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 18-годишен фудбалер од Сантос пристигна во Мадрид за 45 милиони евра, а Реал во борбата за неговиот потпис ги победи Барселона, Јувентус и ПСЖ.

„Преговараше со тие клубови. Барселона мислеше дека ќе го донесе, но Флорентино Перез разговараше со претседателот на Сантос. Перез беше на венчавка, но тоа не го спречи да го заврши трансферот и целата работа ја решија за 20 минути“, пишува „Марка“.

Сантос не сакаше да соработува со Барселона поради сите проблеми кои им ги донесе трансферот на Нејмар во 2013 година.

На крајот Родриго заврши во Реал, но ќе има тешка задача да се избори за минутажа во првиот тим, па најверојатно најпрво ќе игра за Кастилја каде ќе се привикнува на шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…