Деветото коло од Бундес лигата беше отворено вчера со натпреварот на двете екипи од долниот дел на табелата – Мајнц и Келн.
Мајнц славеше со резултат од 3:1, но гостите имаа забелешки на судењето и ВАР.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако гостите поведоа после одличната акција и убавиот гол на Тероде, Мајнц успеа да направи пресврт.
Прво Боетиус во 21-та изедначи на 1:1 за потоа во 12-тата минута од натпреварите гостите да стигна до водство преку Куаисон.
Handball Sport Verein Mainz. Und der VAR bekommt immer noch nicht das ihm zustehende Blindengeld. https://t.co/JSVTmSafHP
— Oliver Ding (@die_socke) October 25, 2019
Меѓутоа гостите беа сигурни дека ќе добијат голема шанса да го изедначат резултатот. Тоа сепак не се случи.
Се играше 63-тата минута кога Кингсли Шиндлер испрати центаршут пред голот на Мајнц, а топката очигледно го погоди Ниакате во раката.
Ова судијата не го забележа, но кога судијата беше повикан од ВАР собата сите беа сигурни дека најстрога казна ќе има.
Меѓутоа и после тоа пенал не беше досуден. Зошто? Тоа веројатно го знаат само судиите на овој натпревар.