Дома Фудбал Италија Како Дибала ги победи сите кои не веруваа во него?

Како Дибала ги победи сите кои не веруваа во него?

Аргентинецот повторно се буди има и голема помош, навивачите никогаш не престанаа да веруваат во него…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Паоло Дибала повторно е идол на навивачите. Всушност никогаш не ни престана да биде, тие жестоко се противеа на тоа да биде продаден.

Веруваа во „Ла Хоја“ повеќе од управата, Аргентинецот беше блиску до заминување, го одби Јунајтед, па не можеше да се договори со Тотенхем за маркетиншките права и поради тоа му пропадна трансферот. Се пишуваше дека и Јувентус го вклучил во понудата за Нејмар.

Сари цело време тврдеше дека гледа на Дибала како на дел од тимот, се обиде со него како „лажна деветка“, но Дибала во главно игра или офанзивен играч за врска или како втор напаѓач.

За разлика од Алегри, Сари инситираше на креативност, па го ослободи Дибала од некои обврски во одбраната и почна да го бара од него она што го направи против Милан, со еден потег да реши натпревар.

Јувентус сега размислува да му понуди нов договор на Дибала. Тој не сака да си замине, меѓутоа клубот ќе мора да му даде покачување на плата од сегашните седум милиони по сезона.

Со Роналдо не постои ривалитет, Дибала неодамна октри дека Португалецот му помогнал со самодовербата, бодрејќи го кога му било тешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…