Арсен Венгер во едно интервју откри дека жали што не соработувал со Лионел Меси, а бил блиску до такво нешто.
Французинот 22 години помина на клупата на Арсенал пред да го напушти клубот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Венгер со „топџиите“ имаше голем успех. Во 2003 година го доведе Фабрегас од Барселона, меѓутоа откри дека тогаш можел да го доведе и Меси.
„Во животот ќе жалам за тоа што не соработував со некои играчи со кои имав можност и бев блиску да ги доведам. Еден од нив е и Меси. Во 2003 година го доведовме Фабргеас и разговаравме со Меси додека тој беше дел од младинскиот тим на Барселона. Тоа беше време кога Арсенал беше сличен на Барселона и како дел од нашата стратегија сакавме да доведеме млади таленти за да формираме силна млада страна. Со Меси, Пике и Фабрегас кога во тие клучни моменти добро напредуваа ќе имавме одлична екипа“.
„Пике и Фабрегас дојдоа во Англија, но Меси остана во Шпанија. Тогаш можевме да го доведеме Меси, а денес е недопирлива ѕвезда“, изјави Венгер.