Дома Трансфер зона Како би можел да изгледа Реал Мадрид наредната сезона? (ФОТО)

Како би можел да изгледа Реал Мадрид наредната сезона? (ФОТО)

Реал Мадрид сигурно ќе биде еден од најактивните клубови во текот на летниот преоден рок, но „кралевите“ сигурно ќе внимаваат да останат во границите на финансискиот фер-плеј за потоа да не добијат некакви санкции.

Во Реал според информациите од Шпанија имаат план според кој ќе ги купат потребните засилувања и ќе останат во дозволените граници.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Планот на Реал е да продаде играчи и да додаде уште 100 милиони евра со што би се затворила реконструкцијата. Наводно, во Реал ќе се обидат да инкасираат 200 милиони евра од играчи кои Зидан ги смета за непотребни, а ако го дадеме горенаведеното доаѓаме до бројка од 300 милиони евра. Тука не се пресметани сумите на Родриго и Милитао играчи кои Реал веќе ги обезбеди за вкупни 95 милиони евра. Станува збор за дополнителни 300 милиони.

Раководството на „кралевите“ има намера да ги продаде: Герет Бејл, Дани Себаљос, Кејлор Навас, Маркос Љоренте, Маријано Диаз, Мартин Одегард...И на тој начин да заработи околу 200 милиони евра.

Повеќе од половина од тие 300 милиони би можеле да бидат потрошени на Еден Азар и Лука Јовиќ кои се блиску до трансфер во Мадрид.

За Белгиецот и Србинот Реал би потрошил помеѓу 150 и 200 милиони евра. Исто така се очекува доаѓање на уште еден играч за врска, за таа позиција засега најмногу се споменува Пол Погба.Останува летниот преоден рок да покаже дали плановите на Реал ќе бидат реализирани.

Според ова на интеренет веќе се појави еден состав за тоа како би можел да изгледа Реал Мадрид наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…