Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Каков потег: Мората му честиташе на “ривалот“ за изборот во репрезентацијата

Каков потег: Мората му честиташе на “ривалот“ за изборот во репрезентацијата

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората не се најде на списокот на селекторот за Светското првенство во Русија.

Селекторот Хуан Лоптеги го „казни“ Мората поради лошата сезона, а шанса место него доби напаѓачот на Селта Виго, Јаго Аспас.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако поради него остана без место на Мундијалот, Мората се покажа како вистински спортист и со СМС му честиташе на Аспас за повикот во репрезентацијата.

„Мората ми испрати честитка за повикот во репрезентацијата. Во добри односи сме и нема завист.“ – рече Аспас и додаде:

„За мене овој повик значи многу. Држава сме од 46 милиони жители и навистина е голема обврска, но и чест да се биде меѓу 23 играчи кои ќе ја претставуваат својата држава на СП. “

Аспас за селекцијата на Шпанија дебитираше пред нешто помалку од две години, а во дресот на Црвената фурија на осум настапи постигна четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…