Дома Фудбал Останато Каков меч: Ривер победи во натпреварот во кој им бранеше играч за врска! 🎥

Каков меч: Ривер победи во натпреварот во кој им бранеше играч за врска! 🎥

Aргентинскиот гигант Ривер Плата направи вистинско изненадување и славеше против колумбискиот Санта Фе со 2:1 во 5. коло од Копа Либертадорес.

Овој резултат немаше да биде никакво чудо ако Ривер не беше принуден да игра без скоро комплетниот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гаљардо не можеше да смета на 25 играчи, а огромен проблем беше што помеѓу играчите на кои може да смета немаше голман. На голот застана играчот за врска Енцо Перез. Меѓутоа и покрај тоа Ривер дојде до победа.

Жестоко го започна аргентинскиот гигант натпреварот и после шест минути имаа предност од 2:0. Санта Фе не можеше скоро ништо. Одбраната пред Перез функционираше многу добро, но гостите во 73 минута дојдоа до гол за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар доживеа дебакл на првата контролка во Турција – прими шест гола!

Екипата на Вардар, која моментно ја држи лидерската позиција во Првата македонска фудбалск…