Дома Луд Спорт Каков гаф! На жреб за Светско првенство Црна Гора преставена со албанско знаме!

Каков гаф! На жреб за Светско првенство Црна Гора преставена со албанско знаме!

Церемонијата на извлекувањето на групите за Светското првенство во ватерполо, чии домаќин ќе биде Унгарија, го обележа скандал на организаторот кој Црна Гора ја претстави со знамето на Албанија.

Светското првенство во ватерполо од 14 до 30 јули ќе се одржува во унгарската престолнина Будимпешта, а титулата ја брани селекцијата на Србија.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Инаку извлекувањето на групите го обележа скандалот, бидејќи на видео бимот покрај името на Црна Гора стоеше албанското знаме.

„По жрепката организаторот упати големо извинување поради грешката која се случи за време на извлекувањето на топчето со името на репрезентацијата на Црна Гора“, пренесуваат црногорските медиуми.

Црна Гора на СП ќе игра во А групата, а противници ќе и бидат Бразил, Казахстан и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Скандал: Директорот на Баерн ограбен во Барселона

Баерн Минхен денеска гостува на Барселона, а пред натпреварот беше ограбен директорот на г…