Дома Фудбал Англија Каква „шлаканица“ за Коста: За Батчуаи Диего е апсолутно „неважен“ (Фото)

Каква „шлаканица“ за Коста: За Батчуаи Диего е апсолутно „неважен“ (Фото)

Напаѓачот на Челзи, Батчуаи синоќа на својот тим му донесе голема победа во Мадрид против Атлетико.

„Плавите“ славеа со 2:1, а белгискиот фудбалер постигна погодок за победа во самиот финиш на мечот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По натреварот, Батчуаи се дружеше со некогашните играчи на Челзи, а сега членови на Атлетико Мадрид. Секако, се работи за Фернандо Торес и Диего Коста.

Белгиецот одлучи преку социјалните мрежи да го „спушти“ Коста на земја, па под фотографијата со него и Торес напиша:

„Голема чест ми е што запознав голем напаѓач кого го гледав како дете. И не, не зборувам за Диего“, напиша напаѓачот на Челзи.

Секако, се работи за шега на кои Белгиецот е склон и често на социјалните мрежи знае да искоментира се и сешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед тргна по ѕвездата на Реал Мадрид, но тој не сака ни да слушне за нив!

Манчестер Јунајтед сериозно го засили својот играчки кадар во летниот преоден рок. На Олд …