Дома Фудбал Италија КАКА кажа КРАЈ: Да се потсетиме на најубавите голови од Рики

КАКА кажа КРАЈ: Да се потсетиме на најубавите голови од Рики

Легендарнииот Бразилец , Рикардо Изексон дос Сантос Леите, попознат како Кака, вчера и официјално објави крај на својата богата кариера.

Кака се огласи на социјалните мрежи, ставајќи крај на шпекулациите за својата иднина, откако во октомври му заврши договорот со американскиот клуб Орландо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мојата кариера на професионален фудбалер се завршува. Ми требаше време малку да размислам во мир. Зборував со најблиските и заклучив дека е момент да завршам со фудбалот. Подготвен сум за ново патување“, напиша 35-годишниот Бразилец.

Играчкиот пат Кака го започна во Сао Паоло, а фудбалската афирмација ја доживеа во Милан каде настапуваше од 2003 до 2009 година, а во 2007 година беше избран за најдобар фудбалер во светот.

Да се потсетиме на некои од неговите најубави голови кои ја одбележаа неговата кариера…секако, оној на „Олд Трафорд“ е без конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар го продолжи договорот со Сантос до Светското првенство 2026

Изгледа дека Нејмар стави крај на шпекулациите за премин во Интер Мајами или враќање во Ев…