Патрик Шик навистина поминува низ бурен период во неговата кариера.
Фудбалерот кој настапува за Сампдорија на почетокот на преодниот рок беше пред трансфер во Јувентус, но како што е познато не ги помина медицинските прегледи, а потоа Интер се појави како најсериозен конкурент, но на крајот тој нема да потпише ниту за Интер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чехот во овој момент е пред трансфер во Рома, причината за пропаѓањето на трансферот во редовите на Интер е што „нероаѕурите“ не сакаа да влезат во преговори со Сампдорија.
Екипата од Џенова, покрај парите го сакаше и Едер, додека Интер не сака така лесно да се откаже од споменатиот фудбалер.
Рома е спремна да ја искористи оваа ситуација и да се обиде да го доведе Шик во своите редови, наводно веќе и испратиле понуда.