Aтлетико Мадрид би можел да биде вистински победник од овој преоден рок.
Едисон Кавани гледа кон Мадрид, се надеваше можеби на Реал, но Атлетико сега изгледа како одлично решение. Мадритските медиуми денес откриваат дека Уругваецот се согласил и на пониски примања за да го засили Атлетико и да заигра во тандем со Луис Суарез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Симеоне прави се за да формира страшен напаѓачки тандем, управата сака да му ја исполни таа желба, но прво мора некого да продаде до крајот на преодниот рок.
За Кавани да дојде треба да си замине Диего Коста, се споменуваше ПСЖ, но такво нешто во овој момент не е реално. Симеоне притиска на таков расплет, иако не е исклучено место Коста да заминат Ектор Ерера и Марио Ермосо и така да се ослободи платениот список за Уругваецот.
Еден Уругваец изгледа сигурно пристигнува во Атлетико бидејќи Лукас Тореира се договори со „јорганџиите“, а Кавани се согласил на пониски примања за да се реализира трансферот. До сега тој бараше 10 милиони евра годишно и таа плата ниту еден клуб од заинтересираните не беше спремен да му ја понуди.
Не очекува возбудлив финиш од преодениот рок и на „Ванда Метрополитано“, Кавани е навистина блиску, но се мора да биде брзо завршено затоа што нема многу време. Тандем Суарез – Кавани звучи навистина страшно, уште ако Коста не замине…